Голем застој на автопатот Велес Скопје, кај патарината Отовица. На наплатната рампа се чека и по 30 минути. На видеото до кое дојде „Макфакс“ се гледа дека колони има во сите ленти, а снегот непрекинато продолжува да трупа.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/патарина.mp4
ЦУК информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, заради врнежи од снег на целата територија на Републиката.
Според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта забрана за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-Маврово-Стража-Кичево, Крива Паланка-Деве Баир и Струга-Ќафасан.
На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и засеци е можна појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.