(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско


Screenshot-2025-08-25-204059.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње.


Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата, па со мобилен телефон ја снимиле мечката качена на маса каде имало оставено храна, пишува „Тетово инфо“.

Според објавеното и во другите блиски села како Сетоле и Једоарце летово биле забележани слични примери на камери за видеонадзор.

„Мечките во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично“.

И минатата година во делови од државата беа пријавени напади од мечки, а на социјалните мрежи се објавуваа видеа каде мечки можат да се забележат и покрај патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK