(Видео) Во последен миг спасено селото Дупјани, огнот се приближил до куќите

pozar-spasuvanje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селото Дупјани е спасено, откако огнот се приближил на само 50 до 100 метри од првите куќи, а во селото и околу него немало никого.



Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, извести дека одлучиле наместо кон Галичица полицискиот хеликоптер Ми 171 во кој се наоѓал и тој, да го промени приоритетот поради загрозеност на населено место, и да слета неколку километри подалеку, покрај езерото Осломеј.

„Го закачи ведрото, полета, се спушти над езерото, наполни вода во 2,5 тонското ведро, во низок лет за неколку минути стигна над пламените јазици над селото и со прецизен погодок го стопира најблискиот крак од пожарот кој се закануваше на првите куќи“, рече Ангелов.

Хеликоптерот потоа продолжи на Галичица, каде во моментов дејствува врз пожарот. (Видео на линкот).

„Храбрите и пожртвувани полициски пилоти Стефче Ташовски и Дарко Ајтовски со подршка на останатиот храбар и пожртвуван воздухопловен екипаж продолжува со дејство врз овој, за граѓаните вознемирувачки, пожар од кој повремено се слушаат истрели или детонации на неексплодирани минско експлозивни средства останати од војните кои се одвивале на овој простор“, додаде Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK