(Видео) Владата утре на вонредна седница ќе ги намали акцизите на горивата, продолжува и намаленото ДДВ


vlada.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата утре на вонредна седница повторно ќе носи мерки за цените против поскапувањето на горивата.


Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска кажа дека се исполнети условите за намалување на акцизите. Според него, акцизата за дизелот ќе се намали за 4 денари по литар, а за бензините за 2 денара по литар.

„Берзата за нафтата се затвори во четвртокот заради велигденските преазници и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари. Имајќи предвид дека полека, но сигурно истекува попустот што го дава Окта, ќе ги обновиме разговорите со нив за да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму“, рече премиерот.

Ако се постигне договор со најголемиот снабдувач, Мицкоски вели дека крајната цена на дизелот нема да се зголеми, додека кај бензините би можело да има намалување за околу 2,5 денари по литар.

Мицкоски посочи дека намалената акциза ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но дека средствата се обезбедени благодарение на домаќинското работење.

Тој најави дека за две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, а за понатаму Владата ќе ја следи состојбата и ќе интервенира навреме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK