Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.
Рече дека оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.
„Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани“, изјави Мицкоски.
На големо, маржата ќе биде ограничена на 5, додека на мало до 10 отсто.