(Видео) Три куќи изгореа во пожар во селата Бељаковце и Руѓенце

pozar-mkd-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари но функционални куќи од село Бељаковце, вклучително и две помошни простории во ова село, но и една стара напуштена куќа во село Руѓенце, вели директорот на ЦУК, Стојанле Ангелов.


Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера, дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС.

– Бидејќи пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар но најверојатно значително повеќе, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу бргу голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња, дрвја, меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја, чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Како што извести тој, на местото на пожарот веќе биле пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.

Бидејќи состојбата била алармантна Ангелов побарал засилување со пожарникари од ТППЕ Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе но и неколку храбри локални жители.

„Подршката ја барав возејќи кон пожарот. Беше темно кога пристигнав во село Бељаковце и веднаш извршив извидување на теренот и состојбата со пожарот. Отидов до две опжарени помошни простории. од таа позиција имав добар видик на едниот крак од пожарот. Пред полноќ пристигна и комплетното засилување со пожарникари од посочените ТППЕ. Околу 00.30 одлучивме да се приближиме на пламените јазици кои на некои места се издигнуваа по неколку метри над земјата голтајќи ги пред себе дрвјата, грмушките и високата сува трева. Опремени со т.н. напртњачи (мешини со рачни прскалки со 20 литри вода кои се носат на грб) како и специјални противпожарни метли со метални ленти, исклучително храбрите и пожртвувани пожарникари, со теренски возила ги пренесовме пред самата линија на огнот. На местото на кое го прсретнавме пожарот, огнот гореше многу силно, температурата беше висока и имаше многу чад. Ситуацијата се менуваше од миг во миг. Мојата цел беше сејфти фрст, не смееше да се загрози човечки живот повеќе од она што беше неопходно, бидејки сите бевме изложени на одреден ризик. Претходно стекнатата голема доверба во нашите пожртвувани пожарникари ме охрабри да бидам рамо до рамо со нив и да им помагам возејќи ги лично со теренското возило на ЦУК. Но сепак на некои моменти се изложивме на голем ризик“, изјави директорот на ЦУК.

По два часа пожарот бил целосно изгаснат.

– На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, вторник наутро, пожарот не покажува никакви знаци на горење. Изгорената површина најверојатно е значително поголема од 100 ха, дополнително ќе излеземе со поконкретна проценка, додава Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK