(Видео) Тошковски да поднесе оставка после бројните скандали во изминатите месеци, бара Кузеска

БоКузеска-1-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оценува дека после бројните скандали коишто се случија во изминатите шест месеци Тошковски требаше да поднесе оставка.


„Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ја потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па се до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби се јасен доказ.

Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица. Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други“, вели Кузеска.

Како што вели, поголемиот дел од овие случаи се уште не се расчитени и сето ова за само шест месеци.

Наместо ред и поредок, граѓаните, додава таа, добија хаос и несигурност.

„Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, и за двете Тошковски се обидува да се амнестира. Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите можат да го минуваат граничниот премин без проблеми. Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се „вознемирил“ од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото. Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени“.

Кузеска напоменува дека нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, и Тошковски треба да понесе одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK