„Редиците се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи! И не случајно сме вечерва тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор за да извадат лични документи“, рече Наум Стоилковски, портпарол на на ВМРО-ДПМНЕ.
„А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање. Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС.
Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ, редици за документи. Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор – безредие!
МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните! Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал. СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на на ВМРО-ДПМНЕ.