(Видео) Спасен 35-годишниот Исмал од Дорфулија, најден е во полусвесна состојба со знаци на живот

viber_image_2024-08-11_20-01-10-004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасен е 35-годишниот Исмаил од Лозово по кој се трагаше во изминатите два дена.


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов опиша дека акцијата била драматична и се одвивала покрај реката Брегалница, во атарот на селото Бекирлија, познато по Атиџе од филмот Медена Земја.

Мажот бил најден во животнозагрозувачка, полусвесна состојба со знаци на живот, но не можел да комуницира.

За време на акцијата спасувачите се соочиле со проблем, да му се укаже прва помош поради непристапниот терен.

„Се упативме заедно со гардоначалникот и Брзата помош која не успеа да ја помине реката. На две места моравме да го направиме тоа со чизми и панталони. Дојдовме до лицето и со полициски хеликоптер го извлековме“, раскажа Ангелов.

Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски се заблагодари на сите кои учествувале во акцијата. Раскажа дека теренот бил пребаран со дронови, а локалните жители учествувале во потрагата.

Исмаил е хоспитализиран.

Мажот исчезна завчера, вечерта околу 20.30 часот. Последен пат беше виден во близина на базентот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK