(Видео) Со дерење заврши седницата за уставни измени, реакциите доаѓаат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со дерење заврши првата седница за уставни измени. Собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори седницата во 15 часот, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа, се дереа и негодуваа, барајќи да се гласа за отворање на Уставот.


„Овде сме зошто да не гласаме, ајде да гласаме“, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери ја заврши денешната седница.

Ваквото барање беше за да докажат дека владата нема мнозинство, ни поддршка за да го затвори процесот на уставни измени со вметнување на Бугарите.

Сепак Џафери не ја продолжи седницата која може да трае најмногу 10 работни дена и кажа дека за продолжението дополнително ќе ги извести.

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од говорницата повика да не се затвори седницата и да им биде овозможено да гласаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK