(Видео) Шкријељ: Над 860 социјални станови низ целата држава, грижата за сите продолжува

Видео-Шкријељ-Над-860-социјални-станови-низ-целата-држава-грижата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите, изјави на прес-конференција, пратеничката Санела Шкријељ.



Таа рече дека со конкретни мерки и политики, на стотици ранливи семејства државата им помага да решат еден од најголемите животни предизвици – обезбедување дом.

„Изминативе години се изградени или се во фаза на градење над 860 социјални станови низ целата држава. Во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија но и на други места. Изградбата на социјални станови продолжува и во периодот што следи во Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани. Ваквите политики кои ги креираме и коишто ги спроведуваме не дозволуваат да постои огромен јаз меѓу можностите и потребите на голем број домаќинства во нашата држава и значат обезбедување на домување на сите оние на кои тоа им е потребно а не се во можност“, вели Шкријељ.

Додава дека СДСМ годинава со конкретни мерки ќе ги заштити ранлвиите групи граѓани исто како и лани за време на најголемата енергетска и економска криза. Само буџетот на Министерството за труд и социјална политика за развој на социјални услуги годинава е зголемен за 5,5 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK