„ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. Бегаат затоа што се обидоа да ги излажат граѓаните злоупотребувајќи ја комисијата и затоа што се фатени како ги лажат граѓаните“, велат од СДСМ.
„Денеска се случи преседан, заклучоците напишани од Белата Палата, Рашела Мизрахи ги прочита без усогласување, без гласање, без разгледување и даде пауза, со што директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата.
Целта на ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија.
Јавноста е сведок за една класична политичка злоупотреба од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.
Затоа Мизрахи бега, затоа сите членови на комисијата од ДПМНЕ денеска бегаат од седница.
Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка“, соопшти СДСМ.