Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ловџии спасиле возрасен маж од мечка, која го нападнала, а повредениот човек го посети директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, сподели видеозапис од неговиот разговор со повредениот човек.
„Берев шумски плодови, излегов по дренки кога ме нападна, ме турна на земја. Викав помош оти нозете не ми мрдаа, мечката ме турна и ме гризна кај ребрата“, рече меѓудругото повредениот Минче Рамчески од с.Пласница кој како што рече први помогнале ловците и го однеле на доктор.
Видео запис и од разговорот со еден од ловџиите Раим Рамчески, еден од ловците кои први помогнале на лицето нападнато од мечка.
„Во текот на вчерашниот ден помеѓу селата Пласница и Ораоец, во Општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек кој бил спасен од ловџии кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот. Откако ги слушнале повиците за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатиот маж беше силно преплашен. Се здобил со телесни повреди од нападот“, соопшти ЦУК.