(Видео) Пресек на состојбата со пожарите: гори на осум локации, најтешка е ситуацијата во Брезница

pozari-slika-martin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска се гасат 13 пожари на отворено и шумски пожари. 5 се изгасени, а активни се 8 пожари.


„Еден од најтешките пожари е гасење е во Брезница. Овде цел ден дејствуваат неколку хеликоптери,. Ефектите од нив се мали, но тука има и 40-член унгарски тим пожарникари кои даваат голем придонес со поддршка на 50 македонски професионални војници.

Вториот тежок пожар е на територија на Демир Хисар, на Илинска планина, каде ситуацијата е, исто така, тешка. Активно учествува локалното население, локални пожарникарки, Национални Шуми, но самата вегетација која гори создава чад и го отежнува дејството на воздухопловите.

Третиот тежок пожар е на територијата на Градот Охрид, над Косел, кој повторно се распалува. Локалните власти со поддршка на хеликоптер на МВР и српски хеликоптер, успеваат да воспостават контрола, но за жал, се уште не е изгаснат.

Четвртиот пожар е на територијата на Богданци, избувна вчера. Гори околу ветерниот парк. Таму дејствувавме со хеликоптери, но поради силниот ветер, хеликоптерите мораа да се вратат. На терен има припадници на Национални шуми, ДЗС, како локално население.

Петтиот пожар е кај Гевгелија, кај Фурка, кој се приближува до воен објект кој го штити војската.

Шестиот е кај Пробиштип, во Зелени Град, каде се уште имаме краци кои се активни. Делуваат два хеликоптери од Унгарија и сили од земја.

Седмиот пожар е кај Пласница. Овде учествува поголема група на месно население, а треба да добијат поддршка и од локалните пожарникари“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK