Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која е во официјална посета на Република Северна Македонија, со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Според агендата за официјалната посета на претседателката на ЕК, фон дер Лајен на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Во составот на македонската делегација се и Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество.