(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен


pozar-jasen-pat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.


„Пожарот во ловиштето Јасен на едно место ни избегна од контрола иако цело утро истуравме тони и тони вода“, рече Ангелов.

Во прилог на видеото, директорот рече дека повторно на едно место може да се забележи силно разгорување, преку патот каде што преминал огнот.

Дополнителен проблем е и ветрот кој за сето време засилено дува.

Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно денес соопшти дека пожарот најверојатно, според сведочењата на очевидците, бил разгорен по удар од гром.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK