СДС нека понуди барем еден доказ за тоа што го тврдат на прес -конференциите за Кочани, во спротивно следи тужба, најави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден и ја потсетуваме дека нема да има аболиции, нема враќање назад во времето на Драги Рашковски, на Бојан Јовановски, на 27-те милиони евра за софтвери, на тендерите без покритие, на црните пари што циркулираа во бели куќи. СДСМ денес зборува за „одговорност“, а вчера не одговараше никој ни за модуларните болници, ни за клиниките со изгорени пари, ни за златните визи. Денес зборуваат за изборни процеси, а целиот народ гледаше што значи изборен криминал и институционално насилство во нивно време“, рече тој.
Петрушевски им порача на СДСМ – нека понудат еден доказ за тоа што го тврдат, еден, во спротивно ќе ги тужиме.
„Им даваме рок од една недела, како што следува по закон, да се извинат јавно на прес-конференција. Ако не се извинат, ќе добијат тужба за клевета“, рече Петрушевски.