(Видео) Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


СДС, како што кажа, со години знаеле за криминалот на Груби, во прва линија го дозволиле, а потоа и му се приклучиле.

„До последен ден од власта nа СДС и ДУИ, тиe беа соизвршители. СДС одеше на избори со надеж да направат влада и да продолжат да прават криминал со Груби. Во СДС ништо не е сменето, тоа се истите луѓе кои молчеа додека Груби крадеше. И сега наместо СДС да се извинат за криминалот кој го приредија, тие измислуваат секој ден нови приказни“, додаде Петрушевски.

Според него, да не беше ВМРО-ДПМНЕ и одлучната акција против политичките криминалци во СДС и ДУИ, тие уште здружно ќе ја крадеа државата. Народот, како што рече, тоа го знае и го валоризира, а СДС и ДУИ со секој поминат ден стануваат се помаргинализирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK