Венко Филипче кажа дека СДС и неговите претходници на претседателското место на партијата воделе добри политики, и дека и тој би го направил истото. Зоран Заев, со кого Венко Филипче се гордее и за кого кажа дека водел добри политики, во интервју за една бугарска телевизија кажа дека лично тој ги оштетувал плочите на хероите од НОБ, и го тргал зборот бугарски, од “Бугарски фашистички окупатор”. Да погледнеме што зборуваше Заев, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче кажа дека се согласува со се што Заев и Ковачевски направиле и дека и тој би го направил истото. Да го погледнеме Филипче. Венко Филипче не е никакво ново лице во СДС, самиот Филипче потврди дека е само продолжение на Заев и Ковачевски, и дека се што направиле тие би направил и тој, а тоа значи и дека би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, истото како и Заев“, вели Петрушевски и додава:
„Венко Филипче се демаскираше“.