Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени. Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција. Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква. Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга“, рече Петрушевски.