(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Исламската Република Пакистан, Модaсар Чаудри

ambasador-na-Pakistan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Модaсар Чаудри, новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.


Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма рече дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија придава значење на односите со сите држави, за доброто на народите, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за одржлив развој и економски просперитет. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги нагласи интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Амбасадорот Модaсар Чаудри рече дека му претставува чест што е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Северна Македонија и изрази очекување дека пријателството што постои меѓу двете земји ќе продолжи и натаму да се развива и ќе достигне нови височини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK