(Видео) Пендаровски: Ако згрешиме на 8-ми следува режим број 2

pendarovski-kumanovo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Ако сега, на осми мај ја згрешиме работата во изборот, понатаму ќе направат режим број два и нема да имаме слобода на избор, години и години нанапред, порача вечерва во Куманово кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Во одговор на прашање на граѓанин, Пендаровски истакна за тоа како ВМРО-ДПМНЕ организираше избори потсетувајќи на изборите од 2008 година кога таа партија убедливо победи, а правеше листи со имиња и презимиња на тогашните носители од опозиција.

„Во десетте години на Груевски ние немавме слободни избори, а народот не беше слободен да ја искаже својата волја. Од 1990 година сите избори кои ги организирала СДСМ како власт, биле фер и слободни, немало фалсификат, со нив, со ВМРО-ДПМНЕ тоа скоро секогаш е правило, освен со еден исклучок, како изборите 2002 година. Тоа се политички измамници, особено кога ќе им дојде крајот на мандатот, а уште немаат докрадено од народот“ порача Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK