(Видео) „Обидот на Максим Димитриевски да се дистанцира од ВРЕДИ е трагикомичен“, кажа Кузеска

maksim-dimitrievski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Обидите на ЗНАМ и Максим Димитриевски да се дистанцира од Вреди се најблаго кажано трагикомични. Прво се посрамотија со тоа што најавуваа дека при првиот скандал ќе излезат од Владата, а сега удобно си седат во фотељите после низа скандали“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.


„Сега дополнително се посрамутуваат и се обидуваат да фингираат некаква расправија со цел да ја намалат штетата. Тоа е навреда за граѓаните и оние кои им дадоа поддршка.

Димитриевски ветуваше дека ќе биде контролор во власта на работата на албанските партии и фактор на стабилност, но се покажа дека тој не е никаков фактор и дека го интересираат само неколкуте функции кои ги доби од Мицкоски“, одговори Кузеска на новинарското прашање..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK