„Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список“, вели Даниела Николова, пратеничка од СДСМ.
„Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.
Ова е основано сомневање и за кривично дело. Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски“, соопшти Даниела Николова, пратеничка од СДСМ.