­

(Видео) Мицкоски: Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе ја застанеме таму каде што се наоѓа, ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат


Screenshot-2025-03-25-113436.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.


„Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат.

Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, но тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.

„Но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да видиме, да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото и дали би можело можеби повторно тие случаи да ги преразгледа, па да видиме дали навистина сме сите за правда или таа правда треба да биде селективна. Да видиме дали навистина таа правда некогаш е добиена или таа правда била селективна, така што ние како влада го охрабруваме, тоа е работа на Обвинителството, не е наша како Влада, но го охрабруваме во таа насока да се движи и без разлика секој оној којшто направил било каква грешка и работел спротивно на законот да биде санкциониран“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK