(Видео) Мицкоски од Лондон: Главен приоритет, добрососедските односи и наоѓање одржливо решение за проблемот со источниот сосед

Screenshot-2024-07-18-184714.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница. На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора. Потоа, Радев, претседателот на Бугарија.На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада“, информира премиерот Христијан Мицкоски од Велика Британија.


Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада, како што вели се добрососедските односи и наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.

„Би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.

Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа“, нагласува Мицкоски.

Порача дека се враќаат назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси во Оксфорд, Велика Британија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK