(Видео) Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади

mickoski-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која денес ја носи Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа рече:


„Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е таа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми на луѓе кои го носат во длабоко и се обидуваат што побргу да го удават, бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш проблем.

Тоа се сосема два различни документи, овој со Македонската академија на науките и уметностите е стратешки документ којшто третира области коишто не се содржани во оваа Национална стратегија и така натаму. Нешто коешто е многу важно.

Нешто коешто е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднашка да размислат и да застанат позади оваа иницијатива, бидејќи сепак ете нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади, не само за оваа Влада, околу кој ќе се обединиме сите без разлика на нашите етнички и партиски различности“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK