(Видео) Мицкоски: Ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Видео-Мицкоски-Ценам-дека-е-потребно-учеството-на-ВМРО-ДПМНЕ-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

При денешната посета на општина Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали да учествува ВМРО-ДПМНЕ во техничка влада истакна дека во рамки на партијата ќе се одржат состаноци за учество во техничката влада а негов предлог ќе биде да номинираат личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во периодот кој што следи ќе се обидува да создава проблеми и да ја украде волјата на граѓаните.


„Па да периодов кој што следи ќе имаме состаноци во рамките на партијата извршниот и централниот комитет, тој е мој став ќе видиме сега како понатаму како ќе се развива тоа, каков ќе биде ставот на ИК и ЦК, ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада откако претходно понудивме да се интервенира законски да се избрише овој имплант кој што според нас, а и според многу уставни експерти, е спротивен на устав, но ете од страна на владата тоа беше одбиено и тие рекоа дека еве од следните избори- рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека укинувањето на техничката влада ќе се направи после изборите.

„Во имe на тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам законски измени во рамките на Парламентот да еве од 01.01.2025 или 2026 година овој имплант биде избришан од законот и веќе следните парламентарни избори да се случат без овој имплант техничка влада, но веќе кога е законска обврска мојот предлог ќе биде да номинираме личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во изминатиот период, но и во периодот кој што следи ќе се обидува по три основи да создава проблеми. Првиот е немилосрдно да ги троши буџетските средства, на тој начин да идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има потешкотии во работењето и да се соочи со неликвидност на државниот буџет и безмислосно ќе ги трошат буџетските средства. Второ, насилно ќе се однесуваат и ќе ја опструираат работата на ДИК. Јасно дефинираната опозиција, во условно кажано албанскиот блок гледаме дека не може на пристоен начин да номинира член во рамките на ДИК. И морам да признам ако продолжат вака да се однесуваат, се уште се консултирам со соработниците, но мислам дека нема што ни ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК. Тогаш нека си спроведат избори ДУИ, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Спасовски, па да видиме како ќе личат тие избори. Затоа што од самиот почеток гледаме дека некој се обидува да имаме нелегитимен и нелегален изборен процес. Нека си спроведат избори Артан Груби, Османи, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите ние нема што да правиме. Трето, она што слушаме е дека СДСМ насекаде на оние состаноци со малкумина се уште се останати симпатизери и поддржувачи на политиките на Зечевиќ, Маричиќ и Ковачевски главната порака е дека имаме многу пари ќе потрошиме многу пари ние сме свесни дека ќе загубиме, но на тој начин со поткуп и со девијантно однесување ќе ја намалиме победата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му отежниме на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да може понатаму да работи“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порача дека се лажат ако мислат дека на тој начин ќе направат нешто, и увери дека секој оној кој што ќе се дрзне да прави нерегуларности поткуп и ќе ги слуша насоките на Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Ахмети, Груби, Османи, ќе биде фатен и ќе биде процесуиран пред истражните органи и пред судско обвинителскиот систем кој ќе биде ослободен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK