(Видео) Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси


manasievskidpmne.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси. Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


„Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДС. Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДС, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари.

Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ.

Ова се луѓето кои СДС и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството. Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ, имаат име и презиме.

Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK