(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

fdfd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вратено е македонското знаме на врвот голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

Претходно, албанскиот државјанин Изет Шулку со неговите пријатели од врвот на Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

Министерството за внатрешни работи вчера го провери идентитетот на сторителот кој го отстрани македонското знаме од јарболот на Кораб и најави дополнителни мерки за расчистување на случајот.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ, соопшти МВР.

Реагираше и ЛДП која изрази длабока разочараност од инцидентот на врвот Голем Кораб и чинот го нарече неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да нè обединуваат, а не да нè делат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK