(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Screenshot-2024-07-06-180300.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски денескаа заминаа во Америка.



Македонската делегација, според информациите, првите активности ќе ги има веќе во понеделник.

„Делегација предводена од премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во САД. Денес патуваме за САД. Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, каде ќе одбележиме 75 години од формирањето на Алијансата. Благодарност до нашите стратешки партнери“, напиша министерот Муцунски на ФБ.

Очекувањата се дека на самитот ќе се случи и средба на македонскиот премиер Мицкоски со неговиот грчки колега Мицотакис. Тоа ќе биде прва средба откако Грција остро се спротивстави на изјавите со користењето на името „Македонија“, без додавката „Северна“.

Мицотакис најави дека Мицкоски ќе се најде во многу непријатна позиција во рамките на Самитот на НАТО доколку опстојува на оваа реторика.

Директорот за Европа и НАТО во Пентагон, Бјуланд, пак, порача билатералните односи да останат надвор од НАТО, а САД ќе продолжат силно да го поддржуваат Договорот од Преспа.

Самитот во Вашингтон започнува во вторник, а во фокусот ќе биде прашањето за помош на Украина и нејзиното влегување во НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK