(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер

Видео-Лефков-ВМРО-ДПМНЕ-ќе-се-откаже-од-техничка-влада-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер.


ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата, истакна Миле Лефков пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија.

Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.

Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.

ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.

И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија“, кажа Лефков.

Дополнително, како што вели, мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016-тата и во 2020-тата година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.

Според него, време е Македонија да има функционални влади.

Оценува дека граѓаните и државата не треба да ја плаќаат цената на политичките пазарења.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK