Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Груби на црната листа е доказ дека борбата на ДУИ е само за моќ врз институциите да работат за нивно богатење.
Артан Груби, како што истакна Лефков, земал мито за да влијае на судски процес.
„Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција.
Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС.
И двете партии кога се борат за власт всушност се борат за да можат преку криминални активности да ги полнат своите џебови со милиони.
Според Лефков, кога СДС и ДУИ зборуваат за демократија, за Европа, за зелени агенди, всушност само бараат нова маска да го замаскираат криминалното работење.
„И СДС и ДУИ се разоткриени. Одговорност мора да има.
ЈО да почне да работи, поголем доказ дека Артан Груби е криминалец од црната листа на САД нема“, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.