(Видео) Кузеска: Вредностите на коалиција меѓу ДПМНЕ и Левица се против НАТО и против ЕУ

Видео-Кузеска-Вредностите-на-коалиција-меѓу-ДПМНЕ-и-Левица-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На повидок е антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица. Во едно интервју Мицкоски јавно кажа дека е за коалиција со Левица додека за вредностите би седнал на маса да преговара. Во друго интервју пак неговиот партнер Апасиев вели дека се подготвени за преговори со ДПМНЕ и дека сите опции им се отворени, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Левица е проруска, анти-НАТО и анти ЕУ партија која се поклонува на диктатори како Енвер Хоџа. Радикална десница, вљубена во режим исто како и ДПМНЕ. Тоа се антиевропските вредности на коалицијата ДПМНЕ и Левица, на Мицкоски и Апасиев. Одамна е се јасно, сега само се потврдува. На претстојните парламентарни избори ќе имаме два политичка блока. Првиот проевропски блок, предводен од СДСМ кој се бори за европска иднина, поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и европски вредности. И еден антиевропски блок од ДПМНЕ и Левица кој е за изолација и кој значи економско уназадување, стагнација и оддалечување од европската унија и демократскиот свет“, рече Кузеска.

Како што додава, граѓаните не сакаат изолација, нови иселувања на младите и неизвесност. Граѓаните сакаат членство во ЕУ, вели таа, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK