(Видео) Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

BK1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.



Оценува дека владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија.

Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огинот, но во исто време забележуваат на спора реакција на воздухопловите и доцнење со часови, посочува Кузеска.

„Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови.

Го нема ниту најавеното засилено присуство на полицијата на теренот како дел од превентивните мерки.

Повеќе од 10 дена гори пожарот во Македонски Брод, селата Тажево и Брезница се под закана. Информациите од терен потврдуваат дека пожарникари има постојано но нема соодветна воздушна поддршка.

Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен?“, прашува Кузеска.

Тошковски, додава таа, покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.

Бараат итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.

„Само директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема?

Мицкоски мора да разбере колкава одговорност носи и мора да преземе нешто а не да спие, да се појави на терен, да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, побрзо да реагираат“, вели портпаролката на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK