ДПМНЕ се распаѓа. Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата и анти ЕУ кампусот. Јавноста е сведок дека повторно внатрешниот раздор, кавги и поделби во ДПМНЕ кои кулминираат овие денови Мицкоски се обидува да ги натовари на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски. Очајниот Мицкоски воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите. Впрочем јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски. Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија?“, прашува Кузеска.
Мицкоски, додава таам е бледа копија на Груевски. Оценува дека политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.
„СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.
Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ“, нагласи Кузеска.