(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми

Screenshot-2024-09-06-111620.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој од најблиското опкружување на Мицкоски врти милиони и како го поддржува Мицкоски, најави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


„Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, праша Кузеска.

Дополнително праша и колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? „Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?“

Доколку Мицкоски не одговори, според Кузеска, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK