(Видео) Ковачевски: Нова модерна градинка во Пробиштип, работиме на квалитет на живот по европски стандарди

24082023_PVRSM_Probistip_7.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект „Срничка“ во состав на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Пробиштип, при што премерот Ковачевски имаше и обраќање.


„Ако добро ја следев директорката, после 35 години за прв пат во Пробиштип е проширен капацитетот за сместување на деца, а после 50 години за прв пат е изграден комплетно нов објект, оваа градинка „Срничка“ во рамки на установата „Гоце Делчев“ во која ќе можат да бидат сместени децата од Пробиштип.

Тоа секако ќе ги намали проблемите со кои се соочувале во изминатите 5 децении вработените во градинките во однос на згрижувањето и воспитувањето на децата, меѓутоа и ќе отвори нова можност родителите да можат подобро го планираат своето време да можат и мајките, наместо да бидат дома да работат, со оглед на тоа што децата сега ќе можат да бидат згрижени во оваа комплетно нова градинка“, рече Ковачевски.

„Во новиот објект ќе бидат сместени 74 деца во занималните, во јаслите и ќе имаат најсовремени услови бидејќи се работи за градинка која е поддржана од страна на Светска Банка преку Министерството за труд и социјална политика и која што е изградена според најновите проектантски решенија кои се користат во Скандинавија. Јас и министерката ја имавме таа чест, благодарение на нејзината работа и нејзините колеги да бидеме на отворањето и на градинката во Крива Паланка и на градинката во Волково, идната недела ќе ја отвориме и градинката во Карпош, што значи дека она што го кажуваме дека парите се инвестираат кај граѓаните и за потребите на граѓаните, за конкретни проекти кои се реализираат и пуштаат во употреба.

Ова е објект кој е вреден половина милион евра, инаку вкупниот проект кој го работи Министерството за труд и социјална политика е во износ од 13 милиони евра со него ќе бидат изградени 10 градинки, односно ова е 10-тата градинка која е веќе завршена и ќе бидат завршени уште 3 градинки во други градови од државата“, изјави премиерот.

„Од друга страна и платите растат. Ги зголемивме платите во образованието, кај негувателите во рамки на Министерството за труд и социјална политика за 15%. Потпишавме и нов колективен договор со кој ќе има повторно зголемување оваа година на платите, а исто така идната година не очекува зголемување на минималната плата во првиот квартал.

Сето ова говори дека Северна Македонија се развива, дека во Северна Македонија има оптимизам, дека во Северна Македонија има потреба од работа. Јас на влезот во Пробиштип и тоа сите можат да го видат, можат и медиумите да го видат дека после долго време има билборд којшто компанија од светски реномиран карактер бара работници, тоа не се случувало со декади во државата и резултатот на тоа е што има 8% намалена невработеност, 9,5% зголемена вработеност со просечна плата од веќе над 600 евра“, додаде Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK