(Видео) Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот во Северна Македонија

18082023_PVRSM-Kovacevski_Den-na-Armijata-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Северна Македонија.


„Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО.

Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Северна Македонија“, вели Ковачевски.

„Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Северна Македонија.

Како членка на НАТО денес Армијата на Северна Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија.

Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Северна Македонија“, кажа премиерот Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK