Во изминатите години СДСМ на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниот кадар во образованието.
Од 2017 година до денеска СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55%. Само во месец септември платите на наставниците се покачени за 15 отсто, мистакна на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
„Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.
Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.
Дополнително, од следната година регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата.
Резултатите на СДСМ за разликата од лошите, погубни политики на ДПМНЕ во образованието е јасна и очигледна“, истакна таа.
СДСМ, како што рече, за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти. ДПМНЕ, според неа, ги понижуваше наставниците и го рушеше нивното достоинство.
Оцени дека платите во образованието растат значително и ќе продолжат, како што најави да растат и понатаму.