(Видео) „Ќе се соочиме со поскапување и на сè друго“: Филипче предлага намалување на ДДВ за горивата


filipche-sdsm-pres-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи пакет мерки за ублажување на ценовниот шок предизвикан од растот на цените на горивата, во услови на криза на Блискиот Исток.


Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки за да се подготви системот за последиците од кризата и посочи дека веќе има зголемување на цените на горивата.

„Денеска сме соочени со поскапувања, и тоа не е изненадувањe, имајќи предвид дека системот не е спремен да се соочи со криза, а за што предупредувавме, да потсетам, и за време на анализа на Буџетот за 2026 година, дека овој Буџет е структуриран на начин на ко јшто криза нема да може да издржи. И после денешната одлука со која што од утре цените на горивата растат од 74,5 на 79,5 денари Супер бензинот. Дизелот за 20%, од 71 на 85,5 денари. Ова не е нешто што дојде преку ноќ. Ова е резултат на случувањата со кризата, со војната во Иран“, рече Филипче.

Според него, цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за околу 60 проценти, а Владата требало да одржи повеќе вонредни седници за да се подготви системот и да се донесат мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови.

Филипче предупреди дека по растот на цените на горивата може да следува поскапување и на се’ друго.

„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени продукти. Тоа ќе биде еден ланец на настани кои што ќе следат после поскапувањето на горивата“, рече тој.

Како мерки, СДСМ предлага намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти при промет на сите енергенси – дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Дополнително, се предлага намалување на акцизата за 4 денари по литар гориво, како и воведување нула проценти ДДВ за основните прехранбени производи, со цел да се амортизира евентуален раст на цените на храната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK