­

(Видео) Кирков: Угинаа две лами од редок вид во скопската зоолошка градина


zoo-sk-960x591.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стефан Кирков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека викендов починале две лами во скопската зоолошка градина.


„Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина. Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза!“, напиша Кирков на Фејсбук.

Тој јавно прашува како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата.

„Подолго време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени, не го спорам неговото образование но за познавање и искуството се сомневам, а и по се што се случи и сите се сомневаме!!! До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор???“,пишува Кирков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK