(Видео) Јаневска: Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Видео-Јаневска-Шаќири-и-Велева-авторите-на-учебниците-ги-делат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Скандалите и уништувањето на образованието никако да запрат, октомври е, а учебници се уште по сите предмети нема, но затоа има министер и Педагошка служба во состав на министерство за образование и наука, во чии ингеренции се издавањето и откупот на учебници, каде има директор кој е малку познат во јавноста, а без оглед на актуелноста на темата „Учебници“, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.


„Јавно ги прашувам министерот Јетон Шаќири и директорката на Педагошка служба во МОН г-ѓа Вангелија Велева:

1. Дали не се загрижени за непочитување на законот и ефикасноста на сите процеси и дејствија за навремено и објективно обезбедување на учебниците по сите предмети, одделенија, години, и за сите ученици?

2. Дали директорката на Педагошката служба, авторите на ракописи за учебник ги дели на партиски „подобни“ и партиски „неподобни“, на пример партиски член на СДСМ е избран автор на учебници за прво, второ и четврто одделение? Дали пријателството и фаворизирањето е стекнато од посетување на исти трибини организирани од Форумот на жени на СДС?

3. Дали министерот и г-ѓа Велева се запознаени дека веќе укажавме на сомнителноста на постапката за избор на учебници за странски јазици за основно образование и дали г-ѓа Велева знае дека со нетрпение ги очекуваме решенијата за избор на учебници по странски јазици со нејзин потпис за да ги повикаме сите релевантни институции да проверат како е спроведена оваа постапка. Прашуваме зошто објавивте оглас со одредени услови кој потоа го поништивте? Дали видовте дека сте згрешиле и повикот не ви одговара вам и на фаворизираната фирма?

4. Дали некој партиски „подобен издавач“ успеал да обезбеди договор со фирма-човек издавач на учебник за учење на англиски јазик што веројатно е само бледа копија на учебник издаден од престижните издавачки куќи за изучување на англиски јазик? Дали тој ќе набавува учебници по англиски јазик од човек- фирма, наспроти големи познати издавачи куќи?

5. Дали министерот и г-ѓа Велева ги слушаат гласините за притисок на рецензентите и дали се истите поврзани со претходно добитните издавачки куќи?

6. Дали е вистина дека раководителот на секторот за одобрување на учебници одбива да учествува во комисиите за избор и да потпишува било што, што е поврзано со овој конкурс? Ако е така прашуваме зошто?

Овој конкурс кој претставува „одобрување на учебник по странски јазици“ тежи најмалку фантастични 5 милиони евра за година.

Прашуваме дали постапката се спроведува законски и колку издавачки куќи со кој процент ќе учествуваат во распределбата на овие средства?

Министре и и г-ѓа Велева, дали истиот овој конкурс кој беше распишан во 2020 го стопитравте затоа што не успеавте да ги одберете вашите „подобни“ фаворити. Да ја потсетиме јавноста дека Конкурс за избор на учебници по странски јазици во основно образование беше распишан од Ваша страна во 2020 година, и по донесени конечни мислења што се платени од Буџетот затоа што рецензентите ја извршиле својата обврска, на Ваше инсистирање постапката беше поништена. Зошто?

Министре, г-ѓа Велева, Педагошка служба не е ваша приватна издавачка куќа каде важат вашите Закони. Хаосот кој секојдневно го продуцирате го еродира образовниот систем и создава трајни и несогледливи последици, а за тоа одговорност ќе има“, изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK