Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево, објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов.
„Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат!
Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево!
Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници“, напиша Михаилов на социјалните мрежи.