Иван Нисов кој се лекува во Полска од болницата изјави дека е добар, а неговата состојба е смирена.
Тој рече дека кога стигнал таму по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, имал проблеми со дишењето.
„Смирена ми е ситуацијата, имав проблеми со дишењето. Кога дојдов во Полска докторите ми кажаа дека сум бил прочистен внатрешно, примав инхалации, уште примам. На инхалации и кислород сум цело време. Инфузии примам, некои нивни лекови, и фала му на господ сега за сега, подобрена е ситуацијата“, изјави Нисов.
View this post on Instagram
Како што додава, пациентите кои се таму очекуваат да бидат вратени дома.
Во пожарот во „Пулс“ загинаа 59 лица. Дел од повредените беа хоспитализирани во домашните клиники, а повеќе од 100 во моментов се лекуваат во странство откако вчера неколкумина беа вратени дома.
(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“