(Видео) Итната помош со вклучени сирени утрово протестираше за поголема плата заедно со административно-техничкиот персонал

Видео-Итната-помош-со-вклучени-сирени-утрово-протестираше-за-поголема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од многу градови низ земјава утрово го поддржаа протестот за 30% поголема плата, нов Колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од 1% на 4% и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и административно-техничкиот персонал.


За време на паузата од 10.30 до 11.00 часот здравствените работници ширум земјава излегоа пред здравствените установи за да искажат револт од игнорантскиот однос на надлежните.

Протсетите продолжуваат, кусо најави Боби Бојчевски од независниот синдикат

Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници во чија организација беше протестот излезе пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Здравствените работници излегоа пред здравствените установи од 10.30 до 11.00 часот

„Протестите продолжуваат“, најави Бојчевски и се заблагодари за големиот одѕив на повикот за протест.

https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/388951604_284223297772312_3550127386140696810_n.mp4

Здравствените работници и административно – техничкиот персонал не се задоволни од покачувањето од 10 % и инсистираат Министерството за здравство официјално да одговори на нивните барања кои им се доставени на почетокот на месецов, но се уште немаат одговори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK