Граничниот премин кон Грција „Богородица“ е се уште затворен. Гори од страната на Грција.
Според грчките медиуми, пожарот избувнал нешто по 12 часот, а на гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила.
АМСМ исто така извести дека сообраќајот на граничниот премин Евзони – Грција е во прекин, а возилата се пренасочуваат кон граничниот премин Дојран.
Од македонското МВР апелираа до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.