Вчера вечер од 10:30, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу 3 часот.
На пожарот интервенирале службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен.
Дополнително интервенирале и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета.