(Видео) Фрчкоски: И по една недела од трагедијата во која загина работник, сѐ уште нема никаква одговорност


frckovski-jon-sdsm-io.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени. Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите, изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.


Според него, воопшто не е случаен овој молк туку е доказ дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат.

„Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот. До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски? Инвеститорот е фирмата „Нар инвестмент“ зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ. Близок до Орце Ѓоржиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник“, рече Фрчкоски.

Тој прашува како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија?

„Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ. Ако се пголеднат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари. Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината? Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите“, рече Фрчкоски.

Тој истакна дека СДСМ бара итна, независна и темелна истрага за целиот случај, проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето, да се одговори како е дадена дозволата, односно одобрението за градба и утврдување на точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK