(Видео) Филипче до Мицкоски: Ако треба вечер нека не спие и нека размисли што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен


sdsm-vf-sobranie-f-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата, упати остра порака до Христијан Мицкоски да не си игра со иднината на земјата. Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, Филипче предупреди на последиците од продолжувањето на патот на изолација.


„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро. Ако треба вечер, нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен? Да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.

Филипче посочи дека земјата се наоѓа во ќор-сокак на патот кон Европа, додека други земји имаат јасна перспектива за членство.

„До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. Притоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранел името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договор. Они тоа го признаваат“, истакна Филипче.

Тој предупреди дека продолжувањето на изолацијата ќе има долгорочни последици врз животниот стандард, иселувањето и иднината на државата.

„Сакам граѓаните да знаат дека ако продолжи овој пат на изолација, пред нас се децении на сиромаштија, на изолација, на сиромаштија на духот, на иселување на децата, на нечистотија по улиците и нечист воздух насекаде, на распродадена земја за туѓи интереси и туѓи рудници, на распродадена вода за туѓи дата-центри и на партиски тендери за оваа банда што е на власт“, предупреди Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK